Три сценарија за почеток на новата учебна година. Целосно отворање на училишта и настава со физичко присуство согласно здравствените протоколи е првото и најпосакувано сценарио за кое се дискутирало на Главниот координативен кризен штаб. Сепак Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката слика во текот на летото и почетокот на септември е таа која ќе пресече според кое од трите можни сценарија ќе се одвива наставата .
Но како МОН за да одговорно го поставиме целиот систем подготвивме уште две сценарија. Едното е како и оваа година да имаме дел од учениците со физичко присуство од прво до четврто оддделение, останатите да одат онлајн во дадената национална платформа и секако да се доставуваат материјалите за учење, но имаме и трето сценарио кое укажува дека можеби во не толку критична состојба за целосно затворање да имаме поделба во групи: една недела една група, друга недела друга група, рече министерката Мила Царовска.
Во меѓувреме надлежните институции будно ја следат состојбата со Ковид 19 и таа сепак може да даде надеж за првото сценарио со физичко присуство во училиштата, сепак се уште е рано да се каже кое сценарио ќе биде применето.
Институтот за јавно здравје ја следи епидемиолошката состојба околу Ковид на државно, регионално и глобално ниво и имаме ситуации со генетските муатации, поизразени се Делта и индискиот сој. На глобално ниво и кај нас тече имунизацијата на одредени категории, но освен епидемиолошката состојба, треба да се почитуваат мерките што е основно за да не се шири вирусот и имунизација или вакцинација на наставниот кадар, вели директорот на Институтот за јавно здравје Шабан мемети.
За трите можни сценарија Министерството за образование и наука со локалните самоуправи и директорите се подготвува за успешно спроведување на наставата во услови на пандемија со што ќе се обезбеди континуитет во учењето, но и заштита на здравјето, велат од МОН.
Нина Стефанова