Македонија

Недоволна контрола на користењето минерални суровини

Во периодот 2016-2020-та, во државната каса се слеале 32 и пол милиони денари помалку од очекуваните концесиски надоместоци за минерални суровини. Ревизијата утврдила кусок од 13 и пол милиони денари наплата за користениот простор и 19 милиони за експлоатираната минерална суровина. Затезната камата им е простена. Тројца од четворица испитани концесионери ги прошириле своите активности на 25 илјади квадратни метри повеќе од дозволеното. Не се прикажува надоместок за сребро во олово-цинковиот концентрат. Забележано е 60 процентно флотациско искористување на цинк и голем процент на истекување во хидројаловиштето. По укажувањето на ревизорите, дополнително се уплатени 10 милиони денари.

Според ревизорите, причините прво се кај непрецизните закони, а потоа и кај целата политика на управување со минералните суровини, несоработка меѓу институциите, нецелосниот катастар на наоѓалишта и друго. Концесионерите не се должни да доставуваат пресметки за продадените количества и да го усогласуваат надоместокот со нив, а нема влијание и дали се искористува повеќе од една суровина. Оттука, нема можност за проверка на пресметките. Инспекцискиот надзор  се одвива без критериуми за избор на субјектите, делумни контроли, без независна акредитирана лабораторија, без доволно средства и опрема за ефективна контрола.

Заводот за ревизија дава серија препораки за подобрување на состојбите: подобра правна и институционална поставеност, можност за одземање концесија доколку не е платен надоместокот, но и одземање на суровина и на опрема со која се врши експлоатацијата. Конечно, потребен е подобар механизам за надзор и контрола на целата постапка, почнувајќи од поднесувањето елаборат и потребни документи, до справување со отпадот, посебно ако е опасен по животната средина.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе