Коронавирусот стивнува во источниот регион. Активни се само пет случаи, по еден во Штип, Кочани и Свети Николе и двјаца во Виница. Малешевско-пијанечкиот регион нема ниту еден зараен граѓанин.Лекарите сметаат дека масовната имунизација им помогнала во битката. На штипскиот регионален вакцинален пункт денеска прва доза примаат пациенти над 40 години.
Интерес има од младата популација, но и од фирмите кои сакаат своите вработени да се имунизираат.
На штипскиот вакцинален пункт досега се вакцинирани над 20.000 граѓани, од кои 16.000 ја примиле и втората доза на вакцина против Ковид-19.
Викторија Димитрова Јованова