Вирусот веќе не циркулира неконтролирано кај нас и за тоа треба да сме свесни, а нискиот број на новозаразени личи повеќе на статистичка грешка – велат епидемиолозите, но и предупредуваат.
Делта сојот по ново или познатата индиска мутација на Корона нема да ја одбегне Македонија како што нема да одбегне ниту една земја на мапата и тоа е тоа за коешто се подготвуваме. Клучната алатка се вакцините.
Половина милион лица веќе се вакцинирани, а исто толку вакцини се ладат во фрижидерите и ќе бидат дадени на луѓето коишто чекаат да бидат имунизирани.
Падот на бројките може да не не доведе во ситуација да прогласиме крај на епидемијата кај нас летово, но и подготвени да дочекаме некој нов бран на мутиран Ковид.
Сите вакцини штитат од тежок тек на болеста, а некои дури и до 100% се ефикасни во спречување хоспитализација или смрт од Ковид, вели доктор Петличковски.
Претседателката на Комитетот за имунизација е задоволна од темпото на вакцинирање во моментов, односно, петстотини илјади вакцинирани лица од кои двесте илјади ревакцинирани. Потенцира дека училиштата од следната учебна година веќе мора да ги отворат вратите за сите ученици.
А, кога станува збор за вакцинацијата, на трибината се разгледа и можноста децата да бидат вакцинирани – но, засега се уште постои нерамномерна распределеност и дефицит на вакцини општо во светот, па докторите ја споменаа варијантата ако веќе се имунизираат децата тогаш предност да се даде на оние со некакви хронични состојби.
Петар Догов