Македонија Најважни

Заев: Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања

Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија. Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил.

-Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан, стои на твитот.

Покажавме, посочува премиерот, храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство.

-Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји-членки на ЕУ. Македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори. Никој и со ниту еден акт не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото, човековите права, се посочува на твитот на премиерот Зоран Заев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Блокада на влезот во Битола

Дејан Дејан

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе