Македонија Најважни

МТСП со препораки за заштита од топлотниот бран

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на денешниот и утрешниот ден.

Министерството преку соопштение информира за општите мерки кои треба да се почитуваат, односно  ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години; во градинките да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Додаваат дека единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Северна Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран треба да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.

– Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област, наведуваат од Министерството за труд и социјална политика.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осум пожари на отворен простор евидентирани во земјата – четири сè уште активни

Дејан Дејан

Јакимовски: Да воведеме и данок на купени дипломи и изгубени премиери?

Дејан Дејан

Трамп најави предупредувачки писма со царински мерки до 12 земји

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе