Економија

ЕСМ на Универзалниот снабдувач понуди за 7 проценти пониска цена на струјата

Државните електрани понудија  за 7 проценти пониска цена за струјата од лани, на тендерот на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме кој заврши денеска. Но, колку тоа, но  и намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија од јули од 18 на 5 проценти ќе го амортизира ударот врз сметките на граѓаните- треба да пресече Регулаторната комисија за енергетика. Првичните пресметки че ги има наредната недела. Иако цената на струјата лани се покачи за 7,5 проценти, државните ЕСМ и Мепсо сепак ја завршија годината со милионски загуби.

За 7 проценти пониска цена од лани, или 36,1 евро по мегават час, е цената за електричната енергија која ја понуди ЕСМ на тендерот на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме. Лани кога цената на струјата се покачи за 7,5 проценти, таа изнесуваше 38,8 евра. Наместо задолжителните 70 проценти, ЕСМ понудила да го снабди Универзалниот снабдувач од јули до декември годинава со 100 проценти од потребните количини. Но, што ќе значи ова во сметките на граѓаните, треба да пресече Регулаторна. Таа наредната недела ќе излезе со конечни пресметки, но токму цената која денеска ја понуди ЕСМ има најголемо влијание при нејзиното формирање.

Од ЕВН соопштија дека на тендерот учествувале две компании, ЕСМ и ЕФТ, но понудата на ЕСМ била најповолна.

ЕВН: На денешната аукција за набавка на количини на електрична енергија, ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија доби најповолна понуда од АД ЕСМ со цена од 36,1 евро за мегават-час (MW/h).“

Од ЕСМ пак велат дека се потрудиле тие да не предизвикаат покачување на сметките за граѓаните.

И покрај законската обврска кој предвидува можност АД ЕСМ да понуди 70 отсто од потребните количини, компанијата ги понуди целокупните потребни количини струја со цел и понатаму да биде значаен заштитнички фактор при донесувањето на конечната одлука за цената на струја од страна на надлежното тело. “- велат од ЕСМ.

Инаку  Државните електрани имаат најголемо учество во крајната цена на струјата од 43 проценти. Електро дистрибуција учествува со 36 проценти, обновливите извори со 7,3 проценти. А уделот пак на Мепсо кој сега побара 140 проценти повисока цена е најмал и изнесува 3, 5 проценти.

Од Регулатрона не коментираат што значи пониската понудена цена на ЕСМ. Од први јули се намалува и ДДВ – то за струјата од 18 на 5 проценти. А се ова ќе влијае на конечната цена која ќе ја соопшти Регулаторна, а ќе важи од август. Граѓаните пак од лани од август плаќаат за 7,5 проценти повисоки сметки за струја. Но и покрај тоа, државните енергетски компании книжат загуби. ЕСМ е најголемиот загубар од сите државни фирми, со минус од 16,8 милиони евра лани, а Мепсо пак прикажал загуба од 5,8 милиони евра.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе