Единствениот прекин во издавањето лични документи се однесува на дипломатските пасоши.
Сите други документи континуирано се издаваат, тврди министерот Оливер Спасовски.
Единствениот прекин е во овие четири дена, почнувајќи од синоќа во 21 часот, се до понеделник, кога процесот продолжува со заокружен процес на усогласување со новото уставно име.
Спасовски ја упати Ане Лашкоска да почека за дипломатски пасош до први јули.
Лашкоска тврди дека пасоши – нема, во што лично се уверила откако им истекол рокот на нејзините лични документи.
Го обвини дека ја штити мафијата и дека им биле издадени патни исправи со лажен идентитет на 215 светски криминалци.
Спасовски уверува дека е надминат застојот во набавката на регистерски таблички.
Од почетокот на наредниот месе ќе се издаваат со нови обрасци. Вчера стигнале 14 илјади таблички, до утре треба да пристигнат вкупно 30 илјади, а наредната недела уште толку.
Со набавка со крајна итност, склучен е договор за 100 милиони денари како рамка во наредните три години.
Новиот договор е направен за да се обезбеди конкурентност, изјави министерот Спасовски на седницата за пратенички прашања.
Соња Николовска