Македонија Топ вести

За „пасошката криза“  правобранителот бара пропусти во МВР, Спасовски вели проблемот е и поради корона, а бранот на граѓани кои бараат пасоши станува „цунами“

За бордо документот со кој се патува во странство, граѓаните упорно бараат термин, омбудсманот тврди дека им се прекршени правата, а министерот негира било каков застој туку состојбата со пасошките служби ја оправдува со короната и софтверската миграција. Правобранителот Насер Зибери ни рече дека МВР требало порано да реагира за да спречи, како што смета, масовна повреда на правата на граѓаните. Бара и МВР да си ги открие евентуалните пропусти, а тим на Народниот правобранител ќе го посети Министерството за да се открие каде е згрешено со терминот за надградба на системот, кој ги остава граѓаните без документи.

Менувањето на системот или неговата надградба во период кога очекувано е да има зголемен прилив на барања за издавање на документи е несоодветно и претставува повреда на правата на граѓаните, поради што народниот правобранител по сопствена иницијатива ќе ги испита евентуални пропусти во работењето на надлежните служби во МВР, кои би биле причина за прекините во издавањето на документите на граѓаните. Истовремено, народниот правобранител бара МВР во делокруг на своето работење да испита зошто граѓаните се доведени во ваква ситуација и да утврди одговорност за евентуалниот пропуст на службите.

Од МВР во одговор до Телма напиша „класична дезинформација дека нема обрасци за лични документи“, а проблемот е поради измени во системот и огромниот наплив на барања. Наредните 4 дена повторно престои прекин поради технички работи. Министерот Спасовски бара трпение од граѓаните, а меѓу другото за состојбата ја „обвинува“ короната.

Лични документи се издаваат и сега. Едноставно имаше зголемен обем на побарувачка, поради ковид ситуацијата многу од луѓето не виделе дека им истекуваат личните документи. Имаме најава дека од денеска од 21 часот ќе имаме миграција на податоци во новиот систем за издавање документи, тоа е процедура која мораме да ја завршиме, на тоа не обврзуваат законите и Уставот и од понеделник продолжуваме со нормално функционирање. Застој ќе биде четврток и петок, сабота и недела и така е викенд. Апелирам на трпение кај граѓаните, рече Спасовски.

Преку телефон дневно се закажуваат и бараат по над 3.000 термини за лични документи, а по интернет таа бројка е околу илјада граѓани. Вчера рекордот бил урнат со тоа што се пријавиле околу 3.500 граѓани за нови документи. Иако не е завршен месецот јуни ги урива рекордите, досега во 22 дена има вкупно примени околу 66.000 барања за нови лични документи, што е повеќе од цел мај. Пасошките служби ќе треба да ги исполнат обврските кон граѓаните кои плаќаат за услугата, а има и стотици кои од дијаспората преку летото доаѓаат за да си извадат нов документ. Дополнително од обврските на МВР голем проблем има и со регистерските таблички кои ги нема откако споро реагираше новоизбрана фирма за набавка на таблички.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе