Економија Македонија Топ вести

Владата ја донесе одлуката за повисока еколошка такса, 3,1 денар за безоловниот бензин и 3,5 денари за останатите горива

Измените на Законот за животна средина со кои се предвидува повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието, одлучи владата на вонредна седница.

Се предвидува повисока еколошка такса, 3,1 денар за безоловниот бензин и 3,5 денари за останатите горива.

Ова според Владата се прави за заштита на животната средина.

За разлика од овој потег, Владата оди со намалување на ДДВ за струјата, од 18 на пет отсто.

Новата цена на струјата ќе се знае следната недела, а ќе зависи од од тоа по која цена ЕСМ ќе ја продаде струјата на ЕВН на утрешниот тендер.

Според неофицијалните информации на Телма, цената на ЕСМ ќе изнесува околу 36 евра за мегават час, што е нешто повисока од минатата година кога изнесуваше 33,8 евра за мегават час.

Со ова, доколку има зголемување на цената на струјата тоа најверојатно ќе биде незначително.

Еколошката такса е наш одговор за грижата за животната средина и на повикот на граѓаните да преземеме мерки во однос на ова важно прашање, и затоа сите пари прибрани од оваа такса ќе одат во Еколошкиот фонд кој ќе ја помогне праведната транзиција од фосилните кон енергенсите од обновливи извори на енергија, истакна премиерот Заев во интервју за Топ Тема на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе