Свет Топ вести

Њујорк тајмс: Саудиски оперативци кои го убиле Кашоги биле на обука во САД

Четворица Саудијци кои учествуваа во убиството на новинарот на Вашингтон пост во 2018 година, Џамал Хашоги, поминале паравоена обука во САД според договор одобрен од Стејт департментот, објави Њујорк тајмс.

Обуката се одржала од безбедносната компанија со седиште во Арканзас, Група Тиер 1, што е во сопственост на приватната компанија Серберус Капитал Менаџмент, со одбранбена природа и со цел – заштиа на саудиските лидери, наведува весникот.

Новинарот на „Вашингтон пост“, Џамал Хашоги, беше убиен во комплексот на конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, на 2 октомври 2018 година, кога отиде во конзулатот да ги добие документите потребни за брак, а неговите останки никогаш не беа пронајдени.

Турција ги обвини саудиските власти за убиството на новинарот, но тие негираат дека политичкиот врв бил вклучен во овој ужасен настан.

Ријад првично го негираше убиството, а потоа тврдеше дека тоа го извршиле саудиски агенти кои дејствувале самостојно. Според саудиските власти, станува збор за „одметничка операција“. За убиството обвинија дваесетина одметнати пониски офицери, од кои пет беа осудени на смрт по едногодишно судење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе