Македонија Топ вести

Просветниот инспекторат потврди – во две гимназии се наплаќало за свидетелства

Дел од клaсните раководители во гимназиите „Мирче Ацев“ во Прилеп и „Никола Штејн“ во Тетово барале пари од учениците за изготвување на свидетелства, утврди вонредниот испекциски надзор на Просветниот инспекторат. Скандалот со наплатата на свидетелсtва го објави Сојузот на средношколци кој побара од инспкеторатот истрага, а покрај овие две гимназии посочени беа и „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и „8 ми септември“ во Тетово, каде исто така бил извршен надзор но не биле потврдени наодите.

Во гимназија „Никола Штејн“ е утврдено дека дел од класните раководители побарале и зеле пари од учениците и за тоа биле известени и родителските совети, додека во прилепската „Мирче Ацев“ дел од класните раководители собирале по 30 денари од учениците за изготвување на свидетелствата.

На двете гимназии им е укажано веднаш да ги вратат паричните средства и за тоа да го известат инспекторатот.

Од инспекторатот соопштија дека директорите на училиштата изјавиле дека неколку пати усно, а во некои случаи и по писмен пат, ги известиле наставниците дека е забрането плаќање на свидетелства и дипломи а тоа го потврдиле и од советите на родители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе