Македонија Топ вести

Филипче: До крајот на летово се очекува да стекнеме колективен имунитет

Министерот Филипче очекува до крајот на летото  да стекнеме колективен имунитет, доколку се има предвид бројката на вакцинирани граѓани. Во моментов процесот на вакцинација е со намалено темпо, сепак претстојниот викенд во земјава се очекува да пристигнат 500 илјади дози на Синовак како и 100.000 дози на вакцината Фајзер преку Ковакс механизмот. Веќе е направен планот како ќе се распределат согласно бројот на пријавени граѓани по градови, вели Филипче.

Во овој момент се вакцинирани нешто под 300.000, со оваа следна количина која што доаѓа уште 300.000 граќани тоа се 600.000 граѓани- 50% од вкупната популација која што имаме идеја дека треба да се вакцинира, тука ги исклучуваме децата калкулациите се за милион и двеста граѓани, така што верувам дека до крајот на летото ќе се постигне процент за кој што  можеме да кажеме дека е колективен имунитет – Венко Филипче, министер за здравство.

Во меѓувреме кога се очекува да пристигнат 500 илјади вакцини на кинескиот производител Синовак кај јавноста има дилема колкава е нејзината ефикасност кај мутациите на Коронавирусот. За Филипче нема дилема дека вакцинацијата е клучна во борбата со пандемијата.

Разговаравме со амбасадорот за тоа што се случува во Кина со Делта вирусот, тој кажува дека и покрај тоа што сега имаат силна интензивна кампања на вакцинирање во Кина има појава на заболени меѓутоа со лесна клиничка слика и тоа е многу важно – Венко Филипче, министер за здравство.

За сега не се разговара за дополнителна набавка на вакцини, затоа што има доволно, смета Филипче, најважно е граѓаните да се пријавуваат за имунизација. Се размислува и за теренска вакцинација таму каде што малку граѓани се пријавиле за истата. На денешната средба со кинескиот амбасадорот Џанг Ѕуо министерот Филипче се заблагодари за безрезервната помош на кинеската влада и народ во борбата со пандемијата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе