Македонија Топ вести

Кабинетот на премиерот негира дека било разговарано за промена на знамето, грбот и химната

Кабинетот на премиерот Зоран Заев попладнево испрати информација во која негира дека прашањето за промена на знамето, грбот и химната е ставено на маса, како што во телевизиско интервју кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

“Ниту во Владата, ниту во владејачката партија СДСМ, ниту со премиерот Заев не е разговарано за промена на знаме, грб или химна на државата” – реагираат од кабинетот на премиерот.

Од таму додаваат дека тие не ни забележале дека Ахмети изјавил дека

било разговарано со премиерот Заев или со било кој друг претставник на политичките субјекти во власта.

“Сметаме дека државата треба да се фокусира со сите свои капацитети на политиките кои носат развој, економија и повеќе пари за граѓаните. Владата ќе продолжи на тој пат” – велат од кабинетот на премиерот.

Ахмети во вчерашното интервју посочи дека знамето и грбот веќе се ставени на маса и за нив се разговара со Премиерот Заев, додека прашањето на нова химна на државата е само прашање на време.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе