Свет

Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Србија

Во Луксембург денеска ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Србија, на која нема да бидат отворени нови поглавја од преговорите. Нова методологија за преговорите за членство на Србија со ЕУ се очекува да биде официјално претставена на меѓувладината конференција.

Според новата методологија усвоена од Советот на ЕУ кон средината на мај, поглавјата за преговори се тематски групирани во шест таканаречени кластери.

На меѓувладината конференција, што ќе се одржи на вториот ден од сесијата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, нема да се отвори ниту едно поглавје или кластер, бидејќи неколку членки на ЕУ не се согласија со тоа, наведувајќи дека Србија не постигнала доволно напредок, особено во областа на владеење на правото, јави Бета.

Иако нема да има отворање на поглавја, денешната меѓувладина конференција е компромисно решение, како знак на поддршка за Белград да продолжи со реформите што треба да доведат до отворање на кластерот на следната таква средба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

Орбан ја повика Урсула фон дер Лајен да поднесе оставка

Дејан Дејан

Трамп со жестока критика на Путин и продолжување на помошта за Украина – Москва одговори со досега најжестоките напади

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе