Сојузот на средношколци бара одговори и одговорност за скандалот со наплата на свидетелства на ученици во четири гимназии во Скопје, Тетово и Прилеп. Тие го повикаа просветниот инспекторат од кого побарале одговои пред точно еден недела јавно да ги објави извештаите од спроведени инспекции во гимназиите кои наплаќале за свидетелства.
Според неофицијалните информации од улчениците се наплаќало од 30 до 150 денари за свидетелство во зависност од училиштето па така во скопската „ Зеф Љуш Марку“ се наплаќало по 100 денари, во гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп, по 30 денари, во средното медицинско училиште од Тетово од учениците се барале по 150 до 200 денари за свидетелство, а средното економско училиште од истиот град , наплаќало по 150 денари.
Сојузот на средношколци реагираше и за неажурноста на надлежните кои не обезбедија свидетелства за учениците на крајот од годината. Оттаму се на ставот дека откако им беше одземено задоволството на социјализација сега им е одзменео и задоволството да се гордеат со своите успеси преточени во свидетелства.
Свидителства во рака ќе има само за деветоодделенците и матурантите бидејќи им се потребни за упис, за останатите ученици тие ќе бидат доделени до 31 август, но за точниот датум ќе бидат дополнително известени.
Бирото развој за образование со допис ги информирало директорите на основните и средни училишта не наведувајќи ја причината за одлагање на доделувањето кое првично беше закажано за 26 јуни. Спооред одговорот се повикуваат на епидемијата на коронавирусот.
Зошто доцнат свидетелствата за основците и средношколците останува нејасно и дали причината е тендерската документација. Во меѓувреме Министерството за образование и наука во дадениов случај ја префрла топката на Бирото за развој на образование за кое вели дека е должно да ја обезбеди педагошката документација.
Огнен Чанчаревиќ