Македонија Топ вести

Најавата за отворање на граничниот премин Ники, позитивно оценета од битолските трговци

Најавата на градоначалникот на грчката општина Преспа, Панајотис Паскалидис, дека од 1. јули ќе се отвори граничниот премин кон Грција преку Битола,  Меџитлија -Ники, разбуди надеж кај битолските трговци,  фризери, стоматолоз  и сопствениците на други услужни дејности  дека по повеќе од една година, нивните мали бизниси ќе се поместат  од мртва точка. Чекајќи ги грчките државјани кои беа најголеми потрошувачи, голем дел од дуќаните во старата чаршија се затворија, а другите се жалат дека едвај врзуваат крај со крај.

-Се надеваме дека ќе има подобрување, пораздвижено ќе биде , се надеваме, вели сопствничка на дуќан во Старата битолска чаршија.

 

-Голема штетате  за битолската чаршија што ги нема Грците, секој  ден си имавме работа, сега се гледа. Се надевемае дека 20 проценти ќе се зголеми работата, вели дуќанџија од старата битолска чаршијаВели друг дуќанџија

Локалното население и бизнисмените од двете страни на границата, во изминатиот период  бараа да се отвори граничниот премин Меџитлија, кој  единствената врска  на Пелагонискиот регион со соседна Грција, а последиците најмногу ги чувствувата пограничните места. Утрово , градоначаклникот Пасхалидис веста за отворањето  на граничниот премин кон Грција преку Битола ја објави на социјалните мрежи

-Важна вест: Веродостојни информации дека од 1 јули одново и регуларно ќе почнат да работат граничните премини Кристалопиги и Ники, напиша Пасхалидис.

Граничниот прмеин Меџитлија е затворен повеќе од една година , поради мерките за заштита од КОВИД-19. Од граничните премини меѓу Северна Македонија и Грција, од грчка страна, отворен е само преминот Евзони (Богородица).

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе