Вести Македонија Топ вести

Свидетелства на крајот од летото

Свидителства во рака само за деветоодделенците и матурантите бидејќи им се потребни за упис, за останатите ученици тие ќе бидат доделени до 31 август, но за точниот датум ќе бидат дополнително известени. Вака Бирото развој за образование со допис ги информирало директорите на основните и средни училишта не наведувајќи ја причината за одлагање на доделувањето кое првично беше закажано за 26 јуни.

Имајќи предвид дека училиштата во вакви услови не можат да организираат настани за делење на свидетелства, ве известуваме дека оваа учебна година свидетелствата ќе им бидат дадени на учениците до крајот на оваа година, врз основа на член 138 став 5 од Законот за основно Образование, рекоа од Биро за развој на образованието.

За учениците нема да биде голем проблем што сега нема да ги добијат свидителствата за запишување во повисоките класови и одделенија, сепак тоа ќе ја пролонгира работата на наставниот кадар во период кога користат годишни одмори, смета претседателот на СОНК.

Причината е според наши извори колку што разбравме несоодветна процедура во однос на тендерска постапка  за свидителства. Мислам дека Бирото и МОН во август месец ќе треба да дадат соодветно време за пишување на свидителствата за професорите и наставниците не се најдат во недостаток на време и „на врат, на нос“ да ги напишат, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК

За Сојузот на средношколци нејасни се причините за одлагањето со свидителствата, но уште поалармантоно е што во одредени училишта се наплаќале финансиски средства за издавање свидителства на ученици што може ќе ги добијат дури во август.

Ние се уште го чекаме извештајот од Државниот просветен инспекторат во врска со наплаќањето на свидителства, го очекуваме во понеделник и сакаме да се фокусираме на методологијата на самиот извештај и да видиме како инспекторатот дошол до тие наоди што ќе ги соопшти во извештајот, изјави Лука Павиќевиќ, претседател на Сојуз на средношколци

Зошто доцнат свидетелствата за основците и средношколците останува нејасно и дали причината е тендерската документација. Во меѓувреме Министерството за образование и наука во дадениов случај ја префрла топката на Бирото за развој на образование за кое вели дека е должно да ја обезбеди педагошката документација.

 Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе