Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев (37) утре против Холандија на Европското првенство ќе го одигра последниот натпревар во дресот со националниот грб.
Нашиот најдобар фудбалер на сите времиња првично сакаше да го одигра последниот натпревар во репрезентацијата во Скопје против Германија во мундијалските квалификации, но вели дека сега е вистинскиот момент за ваков чекор.
Утрешната пресметка со „лалињата“ ќе биде последна и за селекторот Игор Ангеловски на клупата, бидејќи неговиот договор со Фудбалската федерација на Македонија истекува со крајот на Европското првенство.