Вести Македонија Топ вести

До крајот на месецот пристигнуваат 600.000 вакцини

Откако Филипче вчера потврди дека има случаи на индискиот сој на грипот, упати смирувачка порака до граѓаните дека вакцините штитиат од тешки и смртни последици.

Министерот Венко Филипче најави дека до крај на месецов во Македонија се очекува да пристигнат 600.000 вакцини.

– Од производителот „Фајзер“ преку Ковакс системот 100.000 вакцини ќе стигнат на 28 јуни, половина од порачаните вакцини „Синовак“ од Кина ќе бидат испорачани на 27 или 28 јуни, а до крајот на месецов ќе дојде и останатата пратка од 250.000 кинески вакцини – вели министерот Филипче.

Откако Филипче вчера потврди дека има случаи на индискиот сој на грипот, упати смирувачка порака до граѓаните дека вакцините штитиат од тешки и смртни последици.

– Индискиот сој или некоја друг форма на мутација што може да биде позаразна од сегашните постои насекаде. Она што е многу битно, букфално сите вакцини штитат од тешка форма на болеста или од смртен исход, дури и од таква мутирана форма на вирусот – вели Филипче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе