Вести Македонија Топ вести

Пендаровски –Вартоломеј: Што поскоро надминување на црковниот спор

Звукот на камбаните го дочека денеска претседателот Пендаровски во Истанбул. Го пречекаа владиците од Вселенската патријаршија, со кои заедно запали свеќа во православен храм и ги разгледа музејските експонати. Потоа влезе во одаите на првиот човек на Патријаршијата, Вартоломеј, кој испрати поздрави до македонскиот православен народ, од името на црквата мајка.

Пендаровски се заблагодари за гостопримството и за поттикнувањето на дијалог за сите отворени прашања во православниот свет.

Тука камерите се исклучија. Во затворениот дел од средбата се разговарало и за прашањето за решавање на статусот на МПЦ– Орхидска Архиепископија, но нема детали што конкретно му кажал Вартоломеј на претседателот. Од Кабинетот соопштија дека, Пендаровски повикал на што поскоро надминување на спорот, затоа што, како што посочил, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.

Оваа средба,  за аналитичарите е позитивен сигнал. Сметаат дека, доколку Вселенскиот патријарх не беше позитивно настроен, до средба немаше ниту да дојде.

Средбата, според Ѓорѓески, праќа порака и дека, Вартоломеј македонското прашање ќе го реши по свое видување, а пораките и заканите кои му се праќаат од СПЦ, нема да го одвратат од намерата.

Токму ситуацијата во која се наоѓа Српската православна црква, за Ѓорѓески  е и главната причина што Вселенската патријаршија го стави македонското прашање на чекање. Ситуацијата на Балканот во однос на црковните прашања е тензична, а тие, вели, не сакаа да додаваат нова тензија и да преземат конкретен потег околу МПЦ. Се чека да се смират страстите, особено околу проблемот со имотите во Црна Гора кои СПЦ ги смета за свои. Требаше да се донесе закон, но се одложи, што предизвика нервоза кај српските поглавари. Тука е и проблемот на црковните имоти на Косово, што треба да се реши во тековните преговори меѓу косовските и српските власти.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор за полициски службеник кај кого биле пронајдени илјадници евра и злато – тој призна дека сторил проневера во служба

Дејан Дејан

Раст на приходите од патарини во првото полугодие

Дејан Дејан

Обвинение за директорот на Геријатрија- се товари дека побарал мито 20.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе