Индиската варијанта на ковид 19, позната како делта-сој станува доминантна варијанта на болеста во светот, соопшти Светската здравствена организација. Ова е најмногу поради фактот што, и покрај достапноста на вакцини во развиените земји, луѓето не се многу расположени за имунизација. И така му се дозволува на вирусот да мутира и да создава нови високопреносливи соеви.
Но, Африка и натаму е континентот што загрижува. Тука и се уште вакцините се малку достапни, а делта сојот секојдневно коси.
Во Африка, во изминатава недела се зголемени новите случаи за 52%, а смртноста за 32%. Очекуваме да се влошат работите. Помалку од еден процент од африканската популација се вакцинирани, изјави д-р Тедрос Гебрејсус, од СЗО.
Повторно апелраа сериозно да се забрза вакцинацијата на овој континент, во споритвно ќе се појавуваат се понови и понови соеви, кои би биле попреносливи.
Бруталната реалност е дека во ера на повеќе варијанти со зголемена преносливост, потенцијално зголемено влијание, оставивме огромен дел од населението – и ранливото население во Африка – незаштитени од вакцините, во контекст каде здравствените системи се веќе слаби. Тоа е реалноста и ова е последица на моменталната неправедна дистрибуција на вакцини, вели д-р Мајкл Рајан од СЗО.
Во Европа, делта сојот се повеќе се шири во Велика Британија поради што земјата беше принудена да го продолжи карантинот за уште 4 недели. Британските вирусолози предлагаат да се вакцинираат и децата, за да се спречи ширењето. Целта им е да се вакцинираат поголем број на луѓе за да не се дозволи вирусот да мутира и да е попренослив.
И германските здравствени работници предвидуваат дека индискиот сој наскоро ќе стане доминантен вид во Германија, и покрај зголемувањето на бројот на вакцинираните.
Делта сојот во моментов е застапен со 6%. Тоа може да се види од вчерашниот извештај. Но, стапката расте. Затоа внимателно го набљудуваме неговиот развој, предупредува професор д-р Лотар Вилер, претседател на Институт Роберт Кох.
Вакцините се единствениот лек и за новите соеви, укажуваат научниците. Во моментов, и постоечките се ефикасни против делта варијантата. Податоците велат дека дури и една доза од Фајзер или Астра Зенека вакцините ги намалува шансите да добиете коронавирус, а за 75% се намалува и можноста за хоспитализација.
Алиса Шутиноска