Вести Свет Топ вести

Делта сојот станува доминантен во светот, потребни се вакцини за сиромашните земји

Индиската варијанта на ковид 19, позната како делта-сој станува доминантна варијанта на болеста во светот, соопшти Светската здравствена организација. Ова е најмногу поради фактот што, и покрај достапноста на вакцини во развиените земји, луѓето не се многу расположени за имунизација. И така му се дозволува на вирусот да мутира и да создава нови високопреносливи соеви.

Но, Африка и натаму е континентот што загрижува. Тука и се уште вакцините се малку достапни, а делта сојот секојдневно коси.

 Во Африка, во изминатава недела се зголемени новите случаи за 52%, а смртноста за 32%. Очекуваме да се влошат работите. Помалку од еден процент од африканската популација се вакцинирани, изјави д-р Тедрос Гебрејсус, од СЗО. 

Повторно апелраа сериозно да се забрза вакцинацијата на овој континент, во споритвно ќе се појавуваат се понови и понови соеви, кои би биле попреносливи.

Бруталната реалност е дека во ера на повеќе варијанти со зголемена преносливост, потенцијално зголемено влијание, оставивме огромен дел од населението – и ранливото население во Африка – незаштитени од вакцините, во контекст каде здравствените системи се веќе слаби. Тоа е реалноста и ова е последица на моменталната неправедна дистрибуција на вакцини, вели д-р Мајкл Рајан од СЗО. 

 Во Европа, делта сојот се повеќе се шири во Велика Британија поради што земјата беше принудена да го продолжи карантинот за уште 4 недели. Британските вирусолози  предлагаат да се вакцинираат и децата, за да се спречи ширењето. Целта им е да се вакцинираат поголем број на луѓе за да не се дозволи вирусот да мутира и да е попренослив.

И германските здравствени работници предвидуваат дека индискиот сој  наскоро ќе стане доминантен вид во Германија, и покрај зголемувањето на бројот на вакцинираните.

Делта сојот во моментов е застапен со 6%. Тоа може да се види од вчерашниот извештај. Но, стапката расте. Затоа внимателно го набљудуваме неговиот развој, предупредува професор д-р Лотар Вилер, претседател на Институт Роберт Кох. 

Вакцините се единствениот лек и за новите соеви, укажуваат научниците. Во моментов, и постоечките се ефикасни против делта варијантата. Податоците велат дека дури и една доза од Фајзер или Астра Зенека вакцините ги намалува шансите да добиете коронавирус, а за 75% се намалува и можноста за хоспитализација.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

Дејан Дејан

Студентите со масовни блокади низ улиците во Србија

Дејан Дејан

Почнува со работа „One Stop“ системот на граничниот премин Табановце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе