Свет

Пеколни температури на американскиот југозапад- вонредна состојба во Калифорнија

Американската држава Калифорнија прогласи вонредна состојба со цел да се справи со ризикот по системот за снабдување со електрична енергија, додека поголем дел американскиот југозапад регистрира исклучително високи температури за овој период од годината.

Предупредување за исклучително висока температура е објавено за поголем дел од Аризона и Калифорнија, као и јужните области на Невада и Јута.

На луѓето им се препорачува да не изглегуваат без потреба од простории со системи за разладување и да се изложуваат на врелото сонце.

До жителите на Калифорнија е упатен и апел да ја штедат енергијата во текот на најврелите периоди од денот, кога температурата нема да се спушти под 43 степени целзиусови.

Властите во Калифорнија испратија апел до луѓето да ги постават термостатите во своите домови на 24 степени или повисока температура и да избегнуваат да ги користат машините за перење алишта и машините за перење садови и други апарати, за да го намалат стресот на електричната мрежа.

Во Палм Спрингс во Јужна Калифорнија вчера беше измерена температура од 50 степени целзиусови, рекорд кој претходно бил измерен последен пат во 95-тата година.

“Знаете, јас се обидувам да останам во мојот дом најголем дел од времето. Денеска, ќе одам до Камарило во шопинг со пријателка. Ќе бидеме таму каде е малку посвежо” – вели Мери Олсон од долината Сими.

“Сега е околу 42 степени во Ланкастер. Денеска треба да се искачи на 44 степени” – смета Мичел Ален од Ланкастер.

Во националниот парк во Калифорнија, Долина на смртта, едно од традиционално најжеките места во светот, вчера била измерена температура од 54 степени, додека центри за разладување на луѓето се поставени и во градовите Сан Франциско, потоа Феникс во државата Аризона каде беа измерени 48 степени и во Денвер , Колорадо, каде температурата  е околу 40-тиот степен.

Повеќе од 50 милиони луѓе се опфатени со предупредувањето за исклучително жешкиот бран.

Воздушен систем под висок притисок е главниот виновник за топлотниот бран, една недела пред почетокот на летото во северната хемисфера.

Жештината е дополнително полоша и заради големата суша, која пресуши реки и водени резервоари во овој дел од САД. Според метеролозите, американскиот западен брег во летните месеци може да очекува повеќе вакви топлотни бранови.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировни преговори во Истанбул без Путин

Дејан Дејан

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе