Свет Топ вести

Прв самит Бајден-Путин во Женева, без храна и заедничка прес конференција

Првата тет-а-тет средба меѓу американскиот претседател Џо Бајден по стапувањето на функцијата и неговиот руски колега Владимир Путин може да трае четири до пет часа, па и повеќе, а меѓу темите за кои ќе се разговара се контролата на оружјето, кибер нападите и мешањето во изборите.

Меѓутоа, на средбата нема да има заеднички ручек, а рускиот и американскиот претседател ќе одржат и одделни прес-конференции, што е знак на затегнатите меѓусебни односи.

Нема да има кршење леб, им соопшти на новинарите висок американски функционер додека Бајден слетуваше во Женева на разговорите што денеска треба да почнат околу 13 часот во вилата „Ла Гранж“, елегантна сива палата опкружена со парк од 30 хектари, изградена во 18-от век.

Путин на самитот пристигнува прв, а тој и Бајден прво ќе се сретнат со швајцарскиот претседател Гај Пармелин. Потоа, рускиот и американскиот претседател ќе разговараат во библиотеката каде се чуваат стари книги на кинески, француски, персиски и турски јазик.

Меѓу илјадниците книги во вилата е и книгата на Чарлс Пикет де Рошемонт, дипломат кој ја подготви Швајцарската декларација за трајна неутралност – дополнителната причина за изборот на Женева како место за одржување на самитот.

Со Бајден на средбата ќе присуствува и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, додека Путин ќе го придружува шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

Самитот во мирниот швајцарски град ќе го обезбедуваат меѓу три и 3,5 илјади полицајци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Министерот за надворешни работи си ги пречекорил овластувањата, сите се прашуваат како може Протокол да биде дел од Рамка

Дејан Дејан

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе