Македонија Топ вести

Индиректни пораки дека макдонското европско досие ќе се префрли на словенечкото претседателство

Во очекување на исходот од разговорите Софија – Скопје, европските политичари одбегнуваат директен одговор што доколку до вторник не се постигне договор за кревање на бугарската блокада за почеток на преговори. Министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар вели дека Словенија како иден претседавач со Унијата ќе ги продолжи заложбите на португалското претседателство, но дипломатки одбегна да предочи дали е тоа веќе најава дека идниот вторник нема да дојде посакуваната одлука.

Логар ги даде овие коментари по билатералната средба со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, на маргините од ГЛОБСЕК форумот во Братислава, каде на панел дискусијата за Западен Балкан, токму заглавеното македонско европско досие беше посочено како пример за потребата, од како што рече шефот на хрватската дипломатија, Горан Грлиќ Радман,  многу проактивна и поконретна политика на Брисел.

Тие заслужуваат, страдаа речиси 16 години и конечно се согласија. Имаше само еден критериум, само еден услов, да се промени името, и тоа е резултат од долготрајните преговори. Мислам дека ЕУ треба да донесе одлука за ова прашање и треба да започне пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, порача Радман.

Специјалниот пратеник н а ЕУ за Косово, Мирослав Лајчак успрати уште подиректна порака. Дека македонското досие е тест за кредибилноста на ЕУ не само на Балканот, туку и како глобален играч.

Не станува збор за европската иднина на Северна Македонија, туку се работи и за кредибилноста на ЕУ како глобален играч. Се работи за нашата способност на европски начин да влијаеме врз нашиот непосреден сосед, се работи за нашата способност да бидеме партнер, на САД на пример. Ако не можеме да дејствуваме како силен актер на Балканот, каде на друго место би се очекувало од нас да ја играме оваа улога. Тоа значи дека ако не успееме на Балканот, не сме успеале како глобален актер, како играч во надворешната политика, како ЕУ, рече Лајчак.

Порака за безодложни преговори упати и шефот на македонската дипломатија.

Од 2005 ни е доделен статусот на кандидат, од 2009 добивме 11 последователни препораки од ЕК, дека сме ги исполниле критериумите за почеток на пристапните преговори, и секој еден пат беа одбивани во Советот поради билатерални прашања. Дојдовме до 2018, кога го потпишавме Договорот од Преспа, го променивме името, го променивме Уставот, поради амбициите да ѝ се приклучиме на ЕУ, рече Османи.

Неодминлив е впечатокот и од овој еѓународен форум, дека подршката за Македонија се повеќе се засилува, но отворен оптимизам дека конечниот ден – Д за почеток на преговори, ретко кој европски дипломат сака да сподели.

ОД Братислава за Телма

Боби Христов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе