Вести Економија Топ вести

Еколошката такса ќе ја подгрее инфлацијата – алармираат експертите и бизнисот

Цените на основните прехрамбени продукти уште ќе растат, а џебот на граѓаните ќе биде се попразен – алармираат експертите и бизнисот откако владата обелодени дека од 1 јули се воведува  нов еколошки данок од 3,5 денари по литар за нафтата и бензините. Велат тоа непланирано ќе ги зголеми трошоците на компаниите, кои ќе бидат принудени да ги покачат цените на производите. А тоа пак уште повеќе ќе ја подгрее инфлацијата која во мај изнесуваше 3 проценти.

Бизнисот реагира дека ад хок решенијата создаваат несигурност кај компаниите.Од Сојузот на стопански комори велат – еколошкиот данок негативно ќе влијае на  стопанството но и на животниот стандард на граѓаните.

Како последица на кризата веќе имаме забележлив пораст на цените, што само ќе се засили со воведување на еколошката такса.

И од Бизнис конфедерацијата се децидни – новиот данок ќе удри врз бизнисот, но и врз куповната моќ на граѓаните.

Транспортерите пак ќе одлучуваат дали да излезат на протести.Велат еколошката такса е казна за нив во време кога транспортерите се задолжуваат за да купат поеколошки возила

Премирот Заев пак е сигурен дека зелениот данок нема да ја подгрее инфлацијата. Вели поплаките не држат вода. На транспортерите им порача дека државата беше тука да плати кога нив им беше најтешко. Секој треба да понесе дел од обврската за зеленната агенда- порача Заев.

Заев пак им порача на граѓаните наместо автомобили, да возат велосипеди, тротинети и електрични возила. Но, сепак таква порака не испрати до министрите. Владата откако набави 45 возила на лизинг за нив, Заев вели сега ќе размислуваат на следните тендери да се купуваат поеколошки возила.

Александра Филиповска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе