Два часа струмичките актери ја блокираа улицата пред општинското собрание барајќи локалната власт да помогне во решавањето на проблемот со директорот на Центарот за култура, Антон Панов. Актерите со месеци наназад протестираат и бараат Васил Бубев да биде разрешен од функцијата, бидејќи според нив, тој како дипломиран професор по фискултура не е компетентен да ја води институцијата.
Актерите досега имаа состаноци со министерката за култура, со кабинетот на претседателот Пендаровски како и со пратеници од Струмица. Сепак, не се задоволни бидејќи Бубев се уште е директор на институцијата а според нив, неговата кандидатура била со невистините документи.
Актерите ја бојкотираат работата во театарот и велат дека нема д аја реализираат програмата за оваа година доколку не им се исполнат барањата.
Сузана Мицева