Македонија Топ вести

Корчок: Македонија заслужува да почне преговори

„Топло добредојде и добар ден“. Со оваа порака за добредојде, на отворањето на македонската амбасада во Братислава, словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок уште еднаш ја повтори силната поддршка на Словачка за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ. Словачка сака да го види регионот стабилен, Македонија заслужува да почне преговори – порача Корчук.

Ве подржуваме поради две причини. Како прво, бидејќи постигнавте напредок и заслужувате да го направите следниот чекор, кој всушност е отварањето на пристапните преговори. Сѐ надевам дека сите пречки ќе бидат отстранети многу наскоро, како наскоро мислам следната недела. Возможно, во вторник. Бидејќи заслужувате, и како што кажавте и вие, и јас го споделувам вашиот став, се работи за нашата кредибилност, на ЕУ. Бидејќи логиката е многу едноставна, вие го направивте тоа што ние го побаравме, и сега ние треба реципрочно да одговориме, порача Корчок.

И Корчук и шефот на македонската дипломатија Бујар Османи со единствен став, дека Македонија направи многу и сега е време ЕУ да испорача.

Северна Македонија посакува веднаш да ги започне пристапните преговори со ЕУ, без понатамошно одлагање и сме целосно подготвени за нив. Ова е засновано на проценките на сите кредибилни меѓународни институции. Секако, ние сме далеку од совршени, и ќе има многу повеќе предизвици на нашиот пат до членство во ЕУ, но почнувањето на преговорите може само да му помогне на овој процес за надминување на предизвиците и исполнување на европските критериуми, рече Османи.

Предизвиците со проорувањето на Европската Унија, како и безбедносните, политичките и економските предизвици во Европа и глобалните проблеми со опоравувањето од пандемијата со Ковид 19 се дел и од темите на безбедносно- политичкиот форум ГЛОБСЕК во Братислава кој почна денеска и кој во следните три дена ќе биде собир на дел од европската политичка, економска и експертска елита.

Од Братислава за Телма Боби Христов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе