Вести Македонија Топ вести

Три ипол години затвор за актерката Силвија Стојановска за учество во шверц на 700 кг кокаин

Основниот кривичен суд Скопје денеска на актерката Силвија Стојановска ѝ изрече затворска казна од три ипол години затвор за учество во меѓународен шверц на 700 килограми кокаин. Нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ доби 7 години затвор. Казните се во прв степен и неправосилни, осудените имаат право на жалба.

По повеќе од една година поминати во притвор и куќен притвор, денеска судот ја ослободи Стојановска од притвор. Таа ќе се брани од слобода, но нејзиниот пасош и обврската да се јавува редовно во судот, остануваат и натаму на сила.

Обвинението против актерката и нејзиниот партнер за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори беше поднесено на 12 јуни лани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица починаа, над 300 побарале помош – топлотен бран во Франција

Дејан Дејан

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина, толку поблиску е крајот на војната

Дејан Дејан

Кошта: И ЕУ, покрај кандидатите за членство, мора да се реформира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе