Избор на нови тројца судии што поскоро. Постојано сме зависни од гласовите на сите петмина присутни судии иако судот функционира, открива претседателката Добрила Кацарска. На власта и порача избраниците да бидат професионалци од фелата, а не од партиските редови. На Уставниот суд му требаат членови кој нема да гледаат од каде доаѓаат иницијативите, категорична е Кацарсока која и за себе рече дека не подлегнува на партиски повици.
Кои судии ќе ги изберат политичарите, тоа може да разговарате со претставниците од политичките партии. Се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии, на кои што воошто нема да им е битно кој е подносител на иницијативата, која одредба се оспорува и слично. Се надевам ќе имаат сенс политичарите и ќе размислат кого ќе предложат и кого ќе изберат за судии на уставниот суд, рече Кацарска.
Избор што поскоро, а не политички калкулации, појаснува поранешната судијка во европскиот суд за човекови права Маргарита Цаца Николовска.
Предлозите за пополнување на составот од деветмина со тројца нови треба да произлезе по гласањето на точката за избор на уставни судии во комисијата за избори и именувања. Сепак интересот за следење на натпревари од европското првенство во Букурешт е посилно од обврската да се реобнови уставниот суд, бидејќи голем е бројот на пратеници кои отпатувале во Романија. Неофицијално претседателот на собрансиката комисија ќе се обиде наредната недела да ги свика и седне во клупа членовите на комисијата. Дали ќе победат политичките препукувања или точката ќе добие зелено светло и од опозицијата ќе се знае наредната недела
Павле Беловски