Македонија Топ вести

Владата ќе одржи две редовни седници

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 78-ма, тематска седница, на која ќе се разгледуваат повеќе информации за склучување договори за инфраструктурни проекти од ТАВ програмата со 23 општини.

По завршувањето на оваа седница, Владата ќе ја одржи и 79-тата седница, на која пред министрите ќе се најдат предлог мерките на Комисијата за заразни болести во врска со олеснувањето на рестрикциите поврзани со коронавирусот.

-На оваа седница пред министрите за разгледување е и записникот од Четириесет и првиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 14.6.2021 година, во кој се вклучени најновите предлози на Комисијата за заразни болести, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Според предложениот дневен ред, министрите ќе ја разгледаат и Информацијата за усвојување на текст на Меморандум за разбирање со Командата на Врховниот Сојузнички Командант за трансформација и Врховната Команда на сојузничките сили на Европа, во врска со обезбедувањето на поддршка од земја домаќин за спроведување на НАТО операции, вежби и слични воени активности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кошта: И ЕУ, покрај кандидатите за членство, мора да се реформира

Дејан Дејан

Девијантно однесување или енормно зголемување на цените, ќе значи ригорозни мерки – министерот Дурмиши со порака до трговците

Дејан Дејан

Пратеничка пријавила во полиција дека ѝ се заканувале

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе