Ковид19 Свет

Британија го одложува укинувањето на рестрикциите заради индиската варијанта на Ковид-19

Британскиот премиер, Борис Џонсон потврди попладнево дека укинувањето на сите рестрикции во Англија се одложува за временски период од 4 недели и нема да се случи на 21-ви Јуни како што беше претходно најавено.

Според новиот план, укинувањето на рестриктивните мерки ќе се спроведе на 12-ти Јули.

Тоа значи дека ограничувањето на бројот на посетители на спортските настани, во кино-салите и пабовите ќе остане на сила додека ноќните клубови и натаму ќе бидат затворени.

Одложувањето на долго очекуваното укинување на рестрикциите се прави со цел да се овозможи имунизирањето на поголем број луѓе со првата и втора доза од вакцините, но и да се спречи ширењето на таканаречената Делта варијанта на корона вирусот, првично детектирана во Индија.

“Затоа сме толку загрижени од Делта варијантата, кој се шири побргу и од третиот бран кој се предвидуваше во планот од Февруари. Гледаме дека бројот на случаите се зголемува околу 64% неделно и во најтешко погодените области, двојно се зголемува секоја недела. Просечниот број на луѓе кои се хоспитализираат во Англија се зголемува 50 % секоја недела и до 61% во северо-западните региони, што може да биде предупредување за тоа што доаѓа, затоа што веќе ја знаеме безмилосната логика на ескпоненцијалниот пораст” – предупреди Џонсон.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мировни преговори во Истанбул без Путин

Дејан Дејан

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе