Ковид19 Македонија Топ вести

На болничко лекување се 105 ковид-пациенти, 37 од нив во Скопје

На болничко лекување на инфективните одделенија во целата држава има вкупно 105 ковид-пациенти, од кои 37 се во Скопје, а 68 во другите градови. Поголем дел од нив се на кислородна поддршка. Има околу  530 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа поради компликации од коронавирусот, во Скопје е хоспитализиран само еден пациент – во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“, а дома  се пуштени двајца оздравени.

Во главниот град 22 пациенти се хоспитализирани на Инфектвината клиника, 14 се лекуваат во ГОБ „8 Септември“  и двајца  на Институтот за ТБЦ.  До 8 часот утрово имало 90 слободни места.

Во ковид-центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 68 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19 – во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, во Штип и во Струга по пет, Тетово и Прилеп имаат по тројца пациенти, Велес и Охрид по шест, Куманово 18, Гостивар има осум, Струмица девет, Кичево еден, а во Кавадарци и Гевгелија нема хоспитализирани.

Министерството за здравство напомнува дека бројот е променлив зашто во текот на денот се прават исписи на пациенти и дека поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Нашиот животен сон стана реалност – Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска, младоженци на годинашната Галичка свадба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе