Свет Топ вести

Кина со предупредување до Г7: Малите „групи“ одамна не владеат со светот

Кина денеска остро ги предупреди лидерите на Г-7 дека деновите кога „малите“ групи земји одлучуваа за судбината на светот веќе одамна се минато, возвраќајќи им го ударот на најбогатите демократии во светот, кои побараа унифициран став кон Пекинг.

Деновите кога глобалните одлуки беа диктирани од мала група земји одамна се минати. Ние секогаш веруваме дека државите, големи или мали, силни или слаби, сиромашни или богати, се еднакви и дека светските прашања треба да се решат во консултација со сите држави, зјави портпаролот на кинеската амбасада во Лондон.

Појавата на Кина како водечка глобална сила се смета за еден од најважните геополитички настани во последно време, покрај падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, со што заврши Студената војна. Г7, чии лидери се состануваат во југозападна Англија, бара кохерентен одговор на растечката наметливост на претседателот Си Џинпинг по спектакуларниот економски и воен раст на Кина во последните 40 години.

Лидерите на групата – САД, Канада, Велика Британија, Германија, Италија, Франција и Јапонија – сакаат да го искористат својот собир во англиското крајбрежно одморалиште Карбис Беј за да му покажат на светот дека најбогатите демократии можат да понудат алтернатива на растечкото влијание на Кина.

Канадскиот премиер Џастин Трудо вчера ја предводеше дебатата на Г7 за Кина и ги повика лидерите да усвојат унифициран пристап кон предизвиците поставени од Народна Република Кина.

Г7 планира да им понуди на земјите во развој инфраструктурна шема што може да и парираат на иницијативата на Си „Појас и пат“, вредна повеќе милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Разочаран сум од Путин

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

„Паднал низ прозорец“ – почина потпретседател на руска нафтена компанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе