Најважни Спорт Фудбал

Ден за нова фудбалска историја: Македонија ја почнува својата приказна на ЕУРО 2020

Денешниот ден, 13 јуни 2021 година ќе остане запаметен во македонската фудбалска историја, како денот кога нашиот национален тим по 30 години чекање, конечно ќе се појави на големата сцена, односно на Европското првенство. Пласманот на македонската репрезентација одекна силно низ цела Европа, па и светот. Аутсајдерот успеа да се избори за место помеѓу најголемите и најбогатите.

Фудбалскиот пат на Македонија до место меѓу најдобрите 24 европски селекции не беше лесен. Болни порази, солзи и разочарувања ја одбележуваа историјата на македонската фудбалска репрезентација. Пред само четири години бевме дури на 166-тото место на ФИФА ранг-листата. На трибините на нашиот најголем стадион во Скопје, кој изминативе неколку години смени дури три имиња, имаше само по едвај 1.000 гледачи. Сите се прашувавме… Кога ќе ја видиме Македонија на еден голем турнир?

Денеска е тој ден. Дуелот со Австрија ќе испише новата страница во македонската фудбалска историја. Селектор Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев на вчерашната прес-конференција, најавија дека емоциите во тимот се високи, желбата да се докаже дека во модерниот фудбал нема аутсајдери е уште поголема.

Можеби го немаме искуството од големите натпреварувања, но го имаме македонскиот инает да се докажеме против погоелмите и подобрите од нас. Австрија можеби е подобро рангирана репрезентација, подобро организирана, има подобра лига, па можеби и подобри играчи, но така беше и против Германија. Во мундијалските квалификации Македонија покажа дека квалитетот се докажува на терен, а кога самодовербата ќе се спои со срцето, тогаш победата е неизбежна.

Со Австрија имаме нерасчистени сметки од квалификациите токму за ова Европско првенство. Два пати загубивме, во Скопје со убедливи 4-1, во Виена со 2-1. Време е да вратиме, бидејќи Македонија не е истата репрезентација од пред две години кога ги игравме овие натпревари. Напредувавме, добивме поголема самодоверба по двата бараж дуели со Косово и Грузија со кои и се пласиравме на ЕУРО 2020.
Во тимот на Ангеловски нема повредени, нема ниту ковид-позитивни, па во најдобар состав ќе истрчаме денеска на „Националната арена“ во Букурешт за радост на цела нација и за нова фудбалска историја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе