Македонија Топ вести

Специјализираната болница за лекување на белодробни заболувања во Отешево е исполнета до последно место со пост ковид пациенти

Со респираторни вежеби едни учат како полесно да дишат, други, со физикалана терапија, како повторно да застанат на нозе. Овие пациенти пред неколку месеци го прележале коронавирусот, а сега сѐ соочуваат со тешки последици од болеста. За да закрепнат, потребна им е стручна помош, па доаѓаат во специјализиранта болница за белодробни заболувања во Отешево, која сега е и ценатар за пост ковид рехабилитација

После прележан КОВИД чувствував некој замор и потешкотии во дишењето, сега после 10 дена престој овде сѐ чувствувам многу подобро, вели Цане Антовски од Илинден, Скопје.

Лекарите велат дека доаѓаат пациенти од сите возрасти со сериозни здравствени проблеми.

Кога доаѓаат здравствената сосотојба им е исклучиво тешка, посебно на пациентите кои имаат афектираност на белите дробови, доаѓаат скоро сите пациенти после прележан КОВИД-19 со фибрози. Сите се на кислородна поддршка, со ниска сатурација, замор, отежнато дишење, вели д-р Александра Пили, директор на Специјализирана болница за белодробни заболувања во Отешево.

Најпрво се прават  анализи за да се утврди здравствената состојба на пациентот, а потоа медицинските тимови ја спроведуваат рехабилитацијата.

Ако пациентот има проблеми со дишење се прави респираторна гимнастика, ако пациентот има проблеми за движење се прават вежби за движење. Ако е комбинирано се работи комбинирано на оваа проблеметика, вели Билјана Гошаревска, портпарол на болницата

Пост ковид пацинетите се нов предизвик за установата која има долгогошно искуство во пулмоналната и физикалната рехабилитација.

Првата група пациенти си замина со многу добри резултати, со подобрена функција на белите дробови, исто така и од физикалната терапија, затоа што овој вирус прави голема хипотрофија на мускулатурата, а пациентите ги испраќаме дома вертикализирани, вели директорката Пили.

Болницата во Отешево е позната воздушна бања, сместена во густата борова шума под Галичица. Изградена е пред 40 години и има 70 легла. Со најавената реконструкција од септември треба да се подобрат условите и да се зголеми капацитетот на установата.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калајџиев: Сите влади кај нас практикувале реформски илузионизам, давајќи лажна надеж дека со измена на закони ќе се подобрат состојбите

Дејан Дејан

Петковска: Организацијата на судењето за пожарот во „Пулс“ ќе биде голем предизвик за Кривичен

Дејан Дејан

Нуклеарката Запорожје остана без струја, Украина ја обвини Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе