Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, потврди дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) нема обрвска да го прилагоди своето име според Договорот од Преспа бидејќи не прима средства од Буџетот.
Инаку Грција вчера реагираше до УЕФА поради кратенката ФФМ на дресовите на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство.
„ФФМ е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение кое не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И сè додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор. Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор“, изјави Османи.