Економија Најважни

Бeсими: Сѐ размислува за еколошка такса за горивата

Владата размислува за воведување на еколошка такса за горивата и намалување на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 % – потврди министерот за финансии Фатмир Бесими. Не одговори дали тоа е влезено во ребалансот на буџетот, како што обвинува опозицијата. Но, кажа дека одлука ќе има до крајот на месецов, по што законските измени ќе одат во Собрание. ВМРО-ДПМНЕ тврди дека се воведува нов данок, кој треба да почне да важи од 1 јули, со кој цената на дизелот треба да се зголеми за 4 денари и со тоа да се соберат 27 милиони евра во буџетот.

Не се работи за зголемување на акцизи туку се работи за еколошки такси меѓу кои се опфатени, се размислува и за нафтените деривати, за кои се уште нема одлука на владата, рече Бесими.

Премиерот Заев  пак пред две недели тврдеше дека не се панираат нови даноци и зголемување на постојните за годинава.

Одлука нема, а министрите треба да пресечат и за намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 проценти. Планот е според владини извори – со еколошката такса да се амортизира ударот врз буџетот од намалувањето на ДДВ-то за струјата, но и врз граѓаните од големо покачување на цената на електричната енергија.

Во делот на домаќинствата и делот на електричната енергија се разговара во намалување на ДДВ-то. Меѓутоа се уште нема одлука на влада и затоа не може уште да се соопшти. Откако ќе се направат анализите, ќе се направат претходно и консултации со засегнатите страни. Од друга страна истото важи во однос на еден консултативен процес, ќе следат и давачките, еколошките давачки во делот на дериватите.

Иако министерот не прецизираше детали,  а ребалансот се уште не е ставен во  Собрание, во јавноста протекоа детали од него. Па така минусот од 33 милиони евра од намалувањето на ДДВ-то за струјата, Владата планира да го компензира, од новата давачка за горивата, со која се планира од граѓаните и стопанството да се соберат 27 милиони евра. Новините треба да почната да важат од 1-ви  идниот месец.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе