Македонија

Халил Снопче: Нема пречка да се донесе со европско знаменце Законот за државјанство

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност со работа ќе продолжи следната недела за да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за државјанството на Република Македонија, по скратена постапка, поднесен од пратениците од Алијанса на Албанците (АА) и Алтернатива.

Пратеникот Халил Снопче од АА денеска изјави дека овој закон е многу важен за граѓаните, за елементарните човекови права, итн.

Ние ќе инсистираме да дадеме уште една шанса. Значи, сигурно следната недела ќе продолжиме со оваа Комисија. Се разбира, ако гледаме навистина, значи има блокади, сигурно ќе одиме на втората варијанта преку европско знаменце. Зошто? Затоа што прво, имаме согласност од страна на Владата и второ, навистина се работи за човекови права и трето, сигурно според сите европски и меѓународни конвенции нема логика да има луѓе без државјанство во ниту една држава, а ние имаме луѓе што се без државјанство, рече Снопче одговарајќи на новинарско прашање.

Овој проблем, како што рече, мора да се реши и според меѓународни стандарди, и смета дека нема пречка да се донесе овој закон со европско знаменце.

Уште повеќе, сите наши аргументи што сме ги истакнале кога сме ги предложиле овие измени на Законот за државјанство интересно е, се потврдени и во последниот извештај на јавниот правобранител. Значи, како тој да ги употребил истите зборови коишто ние ги употребувавме со аргументацијата дека овој закон треба да се донесе. Значи, уште една потврда од една значајна инстанца која што директно се залага за одбрана на човековите права, појасни Снопче.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Домашен притвор за возачот кој усмрти пешак и избега- 9 пешаци загинале во Македонија од почетокот на годината, од Нова Година ќе се „пали“ Сејф сити

Дејан Дејан

Ова не е „буцни прачка напиј се вино“ процес, Тошковски со народна поговорка за истрагите за чаирските дивоградби

Дејан Дејан

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе