Дебито на „Еуро 2020“ и првиот натпревар против Aвстрија е исклучително важен, но дали ќе биде пресуден останува да се види, смета напаѓачот на Македонија Иван Тричковски. Во наредните два дена ќе се анализира Австрија и сe` што ќе биде договорено ќе мора до дeтал на да спроведе на теренот, од првата до последната миниута. Тричковски е оптимист дека имаме шанси за поволен резултат.
„ Притисокот е огромен но тоа е мотивација плус за нас, бидејќи двата натпревари против Австрија завршија така како што завршија. Тоа може да не мотивира. Реагиравме брзо по тој натпревар. Докажавме дека сме зрели за ова натпреварување.
Дебитанти сме на ова натпреварување очекувањата се мешани, некои очекуваат да ја поминеме групата некои дека сме аутсајдери. Добро е што си ги знеме квалитетите се познаваме имаме неколку дена до натпреварот. Дали ќе биде пресуден или не, не знам.Сигурно е дека ќе биде важен.
Првиот натпревар секогаш е важен и многу работи ќе зависат од нас. Се што ќе договориме пред натпреварот ќе мора да се спроведе на терен максимално сконцентрирано од прва до последна минута. На вакво натпреваруње тие мали детали ќе бидат клучни“, вели Тричковски.
Тричковски, одговарајќи на новинарски прашања, вели дека стилот на игра кој донесе резултати ќе биде основата и на првенството.
„ Ова е фудбал, игра која ја играме и во која треба да уживаме сите. Не е ништо ново. Натпревар како натпревар ќе биде ист. Нашиот стил на игра ни донесе резултати и нема потреба да се менува.Може да оечкувате дека ќе дадеме се од себе од прва до последна миниута. Да почнеме од почеток, да не не интересираат други резултати и да се фокусираме на Австрија“, изјави Тричковски.
Бекот Егзон Бејтулаи, еден од малкумината кои доаѓаат во репрезентацијата од домашното првенство, смета дека резултатот е приоритет и од тоа ќе зависи стилот на игра.
„Моментално играме многу добар фудбал и не сме екипа што секоја минута треба да се брани. Ние напаѓаме. Мсилам дека нашата игра не треба да је менуваме. Треба сите заедно да се браниме и да напаѓаме. Ќе зависи од резултатот. Ако имаме добар резултат зошто да не се браниме и да го зачуваме. Ако немаме позитивен резултат нормално е дека сите ќе одиме во напад за да постигнеме добар резултат“.
Тричковски и Бејтулаи истакнаа дека се горди на успехот и дека тој преставува мотивација и одговорност истовремено.
„Едноставно уживаме во овие моменти. Меѓутоа уживаме со огромна доза на одговорност. Ја ставивме Македонија на европската мапа на фудбалот и тоа не прави горди! Знаеме што следи, знаеме каде сме и што значи за нас и нашата држава. Ќе не гледаат сите и ќе не бодрат многу навивачи и тоа за нас претставува мотив и одговорност. Атмосферата е на високо ниво. Долго сме заедно, се функционира перфректно“, рече Тричковски.
Тричковски и Бејтулаи истакнаа дека се максимално подготвени и најавија дека ќе дадат се од себе ако се најдат на теренот.