Вести Македонија Најважни

Во тек четврта трансплантација на срце

На Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија во тек е  експлантацијата на бубрези и срце од 44 годишна пациентка која попладнево е дијагностицирана со мозочна смрт.
Министерот Филипче на Фејсбук објави дека постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива.
Екипите за трансплантација од повеќе клиники работат веќе неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите. Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водат целата постапка.
Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот филипче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фајненс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе