Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека САД не бараат конфликт со Русија, но дека ќе одговорат на „силен и суштински начин“ доколку руската влада се вклучи во, како што нагласи – штетни активности.
Бајден тоа го изјави по пристигнувањето во Велика Британија, на почетокот на осумдневната турнеја низ Европа, која почнува со посета на самитот Г7 во Корнвол, по што ќе следи средба со британската кралица, а потоа заминува за Брисел на средби со лидерите на НАТО и ЕУ. Турнејата ја завршува во Женева на 16-ти јуни каде ќе се сретне со рускиот прететседател Владимир Путин, на кој како што кажа му ги соопшти работите кои треба да ги слушне.