Македонија Топ вести

ДЗР: Инспекторатите во Македонија 10 години работат со 50% намален кадровски капацитет

За организација и функционирање на ефикасен инспекциски систем, непречено спроведување на процесот на вршење на инспекциски надзор, превентивно делување и преземање мерки за спречување и отстранување на неправилности и недостатоци, НЕ се преземени сите неопходни мерки и активности од страна на надлежните институции во државата.

Ова е заклучокот од ревизијата на успешност која ја спроведе ДЗР а се однесува на капацитетите на инспекторатите во Македонија.

Периодот кој беше опфатен со ревизијата на успешност е од 2017 до 2019 година, како и одредени области, прашања и настани, последователно до денот на известување од извршената ревизија.

Од извршената анализа на податоците на Инспекцискиот совет, ревизорите утврдиле дека во државните инспекторати од предвидените 1.006 работни места за инспектори, пополнети се 602 работни места или 60%, додека во инспекциските служби од предвидените 418 работни места за инспектори, пополнети се 210 работни места односно 50%.

Намалувањето на бројот на инспектори во државата, кој за 10 години е намален за околу 50% е состојба за која е потребно да се преземат итни мерки во насока на зголемување и екипирање на бројот на инспектори во државата.

Затоа голем број на инспекциски служби работат отежнато, и доколку во наредниот период не се реализираат нови вработувања, постои ризик неколку инспекторати да престанат да вршат надзори.

Ревизорите утврдија и дека базите со кои располагаат инспекторатите, ревизијата утврди дека истите не се целосни и не содржат податоци за субјектите предмет на инспекциски надзор.

Како проблем се истакнува и немањето воспоставен интегриран информатички систем за следење на работењето на инспекциските служби и претстваува ризик од субјективизам при изборот и распределбата на надзорите.

Ревизорите утврдиле дека нема Стратегија за развој на инспекциските служби, која треба да претставува главен долгорочен стратешки документ во областа на инспекцискиот надзор, со утврдени цели, политики и мерки за развој на инспекциските служби.

Владата најави воведување на платформа „Е-инспектор“ но ревизорите утврдиле дека досега не е вработено ниту едно лице кое ќе работи на овој прокет иако се предвидени 9 работни места.

Во програмата на Владата на РСМ 2020 – 2024 година, во однос на инспекциските служби, констатирано е дека сеуште е голема недовербата кај граѓаните и бизнис секторот во ефикасноста и непристрасноста на државните и локалните инспекции.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе