Македонија Топ вести

Вархеји: Јуни е критичен месец за Западен Балкан

Од Тирана, каде се одржува Самитот на земјите од Западен Балкан, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји, оцени дека оваа година може да го „ носи името на овој регион за заложбата што ја покажува Европската Унија“.

Влегуваме во месец јуни, кој е критичен месец за Западен Балкан. Имаме многу прашања на нашата маса во ЕУ. Сакаме да ги одржиме меѓувладините конференции со Србија и Црна Гора, за да ги продолжиме нивните пристапни преговори. Сакаме да ги одржиме првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија, и овој самит е да им испорачаме резултати на луѓето. Овој месец и оваа година може да биде година на Западен Балкан, но сите мораме да испорачаме резултати. И таа е пораката која сакам да ја пренесам, истакна Вархеји.

Вархеји додаде дека ЕУ веќе ги подготви претпристапните фондови и е подготвена да го започне инвестицискиот план за Западен Балкан, но оти прво регионот мора да функционира како единствен регионален пазар.

Подготвени сме да ја потврдиме нашата заложба што ја ставивме на маса со планот за економски инвестиции. Од есента кажавме дека станува збор за 30 милијарди евра во вид на инвестиции во регионот, но овој план нема да функционира ако регионот не функционира како целина, ако немаме регионален пазар, посочи Вархеји.

Како еден од повеќето примери тој посочи дека нема смисла да се градат автопати ако сите големи возила ќе мора да застануваат на различни гранични точки на секои 100 клометри.

Имаме договор во ЕУ за финансирање на овој план. Овој договор го постигнавме минатата недела со Советот на Европскиот парламент за програмата ИПА 3, односно претпристапните фондови, што ќе биде механизмот со кој ќе се финансира. Ние сме подготвени да го започнеме овој инвестициски план и сакаме нашите партнери од Западен Балкан да започнат со овој план што е можно поскоро, наведе еврокомесарот.

Рама меѓу другото изјави дека „плановите за работа се конкретни и ова е еден од оние моменти што мора да прифатиме дека ЕУ досега го исполни својот дел, останува на нас да го направиме нашето“.

Не е спорно дека Владата на Република Албанија, јас лично сум бил од првиот момент и остануваме непоколебливи во нашето убедување дека проектот за она што јас го нарекувам регионален шенген, некој го нарекува минишенген, но некој друг не мора да го споменува името, е стратешки проект со вонредни економски и социјални придобивки, но на крајот и политички за целиот регион, истакна Рама.

Лидерите на Западен Балкан, како што наведе Рама побрале движењето на нивните граѓани да не биде ограничено од видот на примената вакцина против Ковид-19.

По работниот ручек ќе биде потпишана заедничка декларација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Арсовски: Генезата на проблемот лежи во првите два договори за добрососедство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе