Вести Македонија

Нема К-15 за борците во пандемијата

Државата за едни е мајка за други маќеа. Дискриминација е да нема к-15 за оние работници кои беа херои на пандемијата, а да добијат тие кои со месеци седеа дома. Административците лути на Владата откако кажа дека со ребалансот на буџетот ќе има 4 милиони евра за регрес но само за околу 27.000 административци, а ќе нема за над 100.000  од јавниот сектор. Или без регрес за годинава ќе останат вработените во здравството, полицијата, војската,образованието – оние кои беа во првите борбени редови во борбата со пандемијата.

Првиот човек на синдиктот Дарко Димовски не гледа вина во синдикатот. Се надева дека идната недела ќе го убедат премиерот дека К-15 треба да добијат сите административци.

Синдикалците од здравство пак се децидни дека без регрес не може да останат оние кои беа херои на пандемијата.

Од Конфедерацијата на слободни синдикати бараат веднаш да се донесе општ колективен договор кој ќе ги опфати сите вработени во администрацијата. Велат не може државата за едни да е мајка за други маќеа.

Од синдикатот на полицијата пак  се заканија со протест.

Премиерот Заев вчера рече дека мора да го почитуваат договорот со Синдикатот на УПОЗ, бидејќи државата ќе треба ги натплати парите преку извршители. Со колективниот договор кој е потпишан уште 2019 година, по над 150 евра К-15 ќе добијат вработените во министерствата, општините, судовите, обвинителствата, затворите, центрите за социјална работа, јавните установи формирани од Владата и во други основани од Собранието.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фајненс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Со мотор удрил во 72-годишен пешак кој починал на лице место – уапсен 22-годишниот возач

Дејан Дејан

Изгореа три автобуси и комбе, за среќа без повредени – пожар крај бензинска пумпа во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе