Драмскиот театар од Скопје , во сабота навечер ќе одржи омаж со наслов „ Драмски за Конески“. Поводот е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески. Учесници во овој проект, кои ќе говорат стихови од Конески се првенците на театарот : Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја Вељковиќ – Пановска, Игор Ангелов, Лилјана Вељанова, Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Зоран Љутков и Дамјан Цветановски.
Во Драмски театар ќе се говорат стихови од Блаже Конески
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.