Граѓаните со остри реакции, повикувајќи ги надлежните да изнајдат решение. Упатуваат критика кон Јавното комунално претпријатие, но и кон себе.
Додека градот се дави во смет, градоначалничката, Теута Арифи, чија партија промовираше платформа за т.н. „зелена“ иднина, смета дека Тетово не е единственото со комуналните проблеми и дека се потребни генерални решенија во целата држава.
Сведочејќи на досегашната ситуација со отпадот од партијата „ДОМ“ изработиле пилот проект за подигање на еколошката свест и способноста за селектирање комунален отпад во Тетово, кој ќе го достават до ресорното министерство и до локалната самоуправа. Велат време е надлежните да преземат конкретни чекори.
Тетово со децении се соочува со проблеми со управувањето на сметот, а честопати беше и на врвот на листата на најзагадени градови.
Данијела Билбилоска