Регулаторната комисија за енергетика на денешната подготвитена седница не донесе одлука за санкции врз нафтените компании што увезувале неквалитетен мазут. На денешниот состанок присуствувале и претставници од Државниот пазарен инспекторат и побарани се дополнителни документи.
„По сеопфатните анализи на подготвителниот состанок, РКЕ ја информира јавноста дека утре ќе се одржи вонредна седница на која ќе бидат донесени соодветни одлуки по доставените информации од наодите на државниот пазарен инспекторат,“наведуваат од РКЕ. Додека се чека конечна одлука на институтуциите, граѓаните и натаму не знаат кој им продава неквалитетни и штетни бензини и нафта на пумпите. Првично беше посочено дека станува збор за три бензински пумпи со неквалитетен производ, но за имињата на фирмите надлежните велат дека треба да финишираат проверките.