Македонија Најважни

Ревизорите предупредуваат на илјадниците дивоградби во Охрид и Струга

Охридско струшкото крајбрежје полно со дивоградби, а лошите закони и неекипираноста на локалните власти овозможуваат легализација на илјадници градби, доградби и надградби. Ова го утврдиле ревизорите кои истражувале како во изминативе девет години се спроведува законот за легализација на бесправно изградени објекти. Во Охрид има 20 илјади дивоградби, а од нив 30 проценти се леализирани во овој период, одбиени се 19 проценти од барањата додека околу 12 илјади се во постапка. но во процес на легализација се 2763 објекти од кои загрижува што повеќе од 400 се на 50 метри од езерото а 2 350 се во националниот парк галичица. До 2015 та во општината работел само еден инспектордвајца се вработени во 2019 та и тројца во 2020 та.

Ревизорски извештај за Охрид: Во регистарот за поднесени барања не се предвидени податоци кои се однесуваат на локацијаи метри квадратни на објектите кои се предмет на легализација, податоци за статусот на барањата, а не се познати ниту причините ако некој е одбиен или постапката е прекината.

Ништо подобро не е ниту во Струга. 10 730 барања за легализација на бесправни објекти се стигнати до општинатано за повеќе од пола нема за што ке бидат наменети и за местоположбата на објектот. Но Општина Струга во анализираниот девет годишен период, се соочува со проблем од недостаток на градежни инспектори. Има само еден градежен инспектор, а во 2020 година примен е уште еден помлад градежен инспектор. До денот на ревизијата во Струга имало 4.040 одбиени барања легализација кои требало да бидат отстранети. Но на пример во 2017 та немало фирма која ќе ги отстранува.

Ревизорски извештај за Струга: Законски дадената можност за доставување на некомплетни барања, кои најчесто се без геодетски елаборат и имотен лист, честите измени на законот, непочитување на утврдените рокови, кадровската не екипираност на градежната инспекција, непостапување по заклучоци од инспектори, имаат влијание на одолговлекување на процесот и непостигнување на целите на Законот.

Според ревизорите во Охридско струшкиот регион често почнуваат процедури за легализација на дивоградба и додека трае процесот, се случуваат доградби и надградби за кои постои ризик да се легализираат и покрај тоа што се изградени по донесување на законот за легализација. Ревизорите истакнуваат дека се работи за регион во кој ќе може дасе легализираат објекти кои се доградени до октомври 2019 та  и кои не ги нарушуваат вредностите на УНЕСКО.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе